Одложено судењето за настаните во Собранието од 27 април
Одложено е судењето на обвинетите за организирање на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Судењето е одложено за 26 февруари. Причината за одложувањето е да им се овозможи на бранителите на обвинетите да извршат увид во доказите.
Во предметот, обвинети за кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристески. Обвинет во предметот е и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.
Почнува судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април
М.В