/ Прочитано:

1.345

Одложување на примената на Законот за задолжителни нафтени резерви

Министерството за финансии најавува предлог на Законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви. Целта на предложениот Закон, посочуваат од Министерството, е да се одложи неговата примена за уште една календарска година.

Со Законот за задолжителни нафтени резерви се уредува обврската за обезбедување на високо ниво на безбедност на снабдувањето со сурова нафта и нафтени деривати преку формирање, чување и одржување на минимум резерви на сурова нафта и/или нафтени деривати во форма на задолжителни нафтени резерви, начинот и условите за формирање, чување и одржување на задолжителните резерви, воведување на неопходните процедури за интервенција заради справување со сериозен недостаток од нафтени деривати на пазарот и други прашања од значење за задолжителните резерви, како и основањето и надлежностите на Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви. Во Законот се предвидува дека тој ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2018 година.

М.В