Одлука на УО на АКРМ за орочување на средства за купување на деловен простор за Адвокатската комора на РМ
Управниот одбор на АКРМ донесе одлука за орочување на средства за купување на деловен простор за Адвокатската комора на РМ. Одлуката на Комората, велат од АКРМ, е резултат на заложбите на претседателот Никола Додевски и на УО изминатиот период, како и подобрувањето на финасиската состојба на Комората што го покажуваат и ревизорските извештаи.
Одлуката на АКРМ во целост:
Врз основа на член 23 од Статутот на Адвокатска комора на Република Македонија, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија на седница одржана на ден 24.04.2018 година ја донесе следната
ОДЛУКА
Од средствата на сметка на Адвокатската комора на Република Македонија наменски се определуваат 12.000.000,00 денари за купување на деловен простор за Адвокатската комора на Република Македонија во Скопје.
Се овластува претседателот на АКРМ овој износ да го орочи на посебна сметка за период од 12 месеци.
Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесување.
АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател