Одлука на Владата за определување највисоки цени за одделни овошја и зеленчуци
Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/2023 од 3 април 2023 година, која ќе почне да се применува на 5 април и ќе важи до 30 април, ја објавуваме во целост:
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Републикa Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Републикa Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3 април 2023 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa следните производи:
– свежи домати,
– свежи краставици,
– кромид,
– карфиол,
– свежи зелени пиперки,
– грав,
– леќа,
– банани,
– портокали,
– мандарини и
– лимони.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина:
– до 70 денари за килограм свежи домати,
– до 75 денари за килограм свежи краставици,
– до 60 денари за килограм кромид,
– до 70 денари за килограм карфиол,
– до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки,
– до 75 денари за килограм грав,
– до 110 денари за килограм леќа,
– до 70 денари за килограм банани,
– до 55 денари за килограм портокали,
– до 60 денари за килограм мандарини и
– до 55 денари за килограм лимони.
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, утврдени во ставот 1 на овој член ќе се применуваат и на зелените пазари.
Член 3
Највисоките цени на производите од членот 2 од оваа одлука ќе се применуваат од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3467/3 Прв заменик на претседателот
3 април 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
– д-р Artan Grubi, с.р.