/ Прочитано:

1.642

Одлуката за распуштање на Собранието утре пред уставните судии

Уставниот суд во февруари веќе расправаше во врска со Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието. Но, од Уставниот суд велат дека оваа иницијатива има целосно нови елементи.

Уставен суд

Уставниот суд го промени дневниот ред за седницата закажана за утре. По итна постапка пред уставните судии ќе се најде Иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија за распуштање, која минатата недела, во петокот, ја поднесе ДУИ.

Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 9/2016 и 33/2016) Реферат У. бр. 104/2016 утре ќе ја разгледуваат уставните судии.

Според досегашните случувања во однос на барањето на повеќе политички субјекти за свикување на Собранието за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни и по последната изјава на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, кој вчера од Рим повтори дека не постои уставна можност тој да го свика веќе распуштеното Собрание, Иницијативата пред Уставниот суд се толкува како единствено решение за евентуално повлекување на Одлуката за распуштање на Собранието и за одложување на датумот за избори.

Од Уставниот суд велат дека, и покрај тоа што е направена промена во дневниот ред во последен момент, ова е единствената точка која уставните судии ќе ја разгледуваат на утрешната седница.

Уставниот суд во февруари веќе расправаше во врска со Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од  Демократскиот сојуз и на Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието. Но, од Уставниот суд велат дека оваа иницијатива има целосно нови елементи.

„Ова е нов предлог, нова иницијатива која има нови елементи. Точно е дека актот е ценет еднаш, но во него тогаш имало изнесено други елементи. Ситуацијата не е идентична и овој предмет е целосно нов, за него има нова анализа и останува судиите да се произнесат по неа“, велат од Уставен.

На 18 февруари, Уставниот суд ја отфрли Иницијативата поднесена од Трајанов и од Петров, за оценување на уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија да се самораспушти со одложено дејство.

Освен тоа, Судот се прогласи и за ненадлежен да одлучува за поединечни акти на Собранието како што е оваа одлука.

Судија известител за Иницијативата беше судијката Наташа Габер-Дамјановска која во образложението истакна дека Уставниот суд треба да поведе иницијатива бидејќи е надлежен, што произлегува и од одговорот доставен од Собранието со кој не се оспорува надлежноста на Судот, туку само се наведува дека сметаат дека Судот не треба да поведе постапка.

Според Габер-Дамјановска, самата Одлука за самораспуштање со одложено дејство е преседан што за прв пат се среќава во земјава, особено што и во претходни изборни циклуси сме имале предвремени парламентарни избори, а Собранието се распуштало во истиот ден кога претседателот на Собранието ги распишувал изборите.

М. С.

СУДИИТЕ ГАБЕР, МУРАТИ И ДАРЛИШТА ЗА РАСПУШТАЊЕТО НА СОБРАНИЕТО: Противуставна одлука и преседан кој требаше да биде уставносудски оценет

Уставниот суд ја отфрли Иницијативата и се прогласи за ненадлежен за одложеното распуштање на Собранието