/ Прочитано:

992

Одржана презентација за односот на адвокатите кон медиумите

Во Скопје во организација на Амбасадата на САД, а со поддршка на Адвокатската комора РСМ, американската новинарка со извонредна богата кариера Рашел Коен, уредник во реномираниот „Бостон глоуб” одржа презентација за адвокати, на тема „Односот на адвокатите кон медиумите и vice versa“.

Коен во својата презентација ги објасни основните принципи на новинарско известување од судница во САД, однесувањето на сите инволвирани во една судска постапка, што е дозволено, а што не е, и говореше воопшто за прашањата што се однесуваат на релацијата адвокат – новинар. Адвокатите ги посочи како клучни партнери на новинарите во светски познати случаи наградувани со Пулицер, а потоа екранизирани во филмовите „Спотлајт“ и „Д пост“.

Пресумпцијата на невиност ја истакна како еден од правните темели и институти на кои особено треба да внимаваат новинарите. Во однос на изјавите на адвокатите во медиумите, истакна дека и во САД, каде што на адвокатите им е дозволено да се рекламираат, секогаш е клучен јавниот интерес, а не личниот интерес на адвокатот.

Претседателот на Адвокатската комора, адвокатот Љубомир Михајловски, ги сподели тукашните искуства со Коен и го потенцираше значењето на ваквите средби како исклучително важни за адвокатурата.

Настанот имаше интерактивен карактер, па адвокатите имаа прилика да постават прашања за сето она што ги интересира.

М.В