Одземен имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ
Соопштение од 487-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 21.05.2024 година
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:
- ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;
- ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и
- ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка.
Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=zRX5Vu75Awg