/Прочитано:

2.712

Официјални податоци на ДИК за првиот круг на претседателските избори

 

Државната изборна комисија објавува официјални податоци за претседателските избори 2019 година, чиј прв круг се одржа вчера. Според обработени 99,96% од гласовите, излезноста на изборите е 41,82%, односно гласале 755.816 избирачи.

За Блерим Река гласале 79.915 граѓани или 10,57%, за Гордана Силјановска – Давкова 319.240 граѓани или 42,24% и за Стево Пендаровски – 323.846 граѓани или 42,85%. На изборите имало 32.828 неважечки гласачки ливчиња.

М.В