/ Прочитано:

936

Оглас за соработник – истражувач во akademik.mk

Електронскиот портал за популарно право akademik.mk вработува соработници-истражувачи за внес на правни содржини на порталот. Идеалниот кандидат е новинар или дипломиран правник со силно изразени афинитети кон правните истражувања и кон пишување на текстови кои ги опфаќаат правните науки или пракса во најширока смисла.

Бараме динамична личност која е способна да работи под зададени рокови, во соработка со колегите но и голем број надворешни субјекти. Кандидатот кој ни е потребен треба да има самодоверба, решителност, одговорност, исполнителност и самоиницијатива со цел постојано да си задава нови цели преку кои ќе го подобрува квалитетот и содржината на правниот портал.

Некои од задачите кои се очекуваат од идеалниот кандидат:

• Пишување текстови со правна содржина кои се од интерес за јавноста;
• Интервјуа со личности од правната сфера;
• Остварување контакти со различни правни субјекти и нивни претставници;
• Истражување на нови содржини;
• Одржување на динамиката и квалитетот на порталот и сл.

Почетната плата е 15.000 денари (нето).

Заинтересираните за оваа позиција можат да аплицираат на e-mail: akademik@akademik.com.mk до 24.01.2016 година со испраќање на кратка биографија и мотивирачко писмо. Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.