/ Прочитано:

998

МЛАДИТЕ ПРАВНИЦИ: Повик за аплицирање на обука за правна заштита и застапување на баратели на азил

Македонското здружение за млади правници (МЗМП) во рамките на проектот “Подобрување на заштитата на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“ поддржан од Фондација отворено општество Македонија, организира дводневна обука за адвокати и претставници на здруженија на граѓани за обезбедување на правна помош и застапување на баратели на азил.

Дводневната обука ќе се одржи во Гевгелија на 29 и 30 Јануари 2016 година, со посета на Прифатниот камп за бегалци во Гевгелија.

Можност за учество на обуката имаат 20 правници од невладин сектор и адвокати кои се активни во заштитата на човековите права и ги исполнуваат следниве критериуми:

-Завршен правен факултет;

-Да има најмалку 2 годишно искуство во водење на предмети во областа на заштитата на човековите права;

-Да има основни познавање на националната правна и институционална рамка за постапување со бегалци и баратели на азил;

-Да покаже мотивираност и интерес за правна помош и водење на предмети кои се однесуваат на застапување на баратели на азил во Република Македонија.

Сите заинтересирани адвокати и правници својот интерес за учество на обуката со поднесување на CV и мотивационо писмо треба да го пријават на следнава е-маил адреса contact@myla.org.mk најдоцна до 25 Јануари 2016 година 16:00 часот, со назнака “Апликација за обука за правна помош и застапување на баратели на азил преку системот на БПП”.

Кандидатите кои ќе бидат влезени во потесен круг ќе бидат дополнително контактирани.