Распишан Конкурс за именување на 36 нотари
Министерот за правда го распиша триесет и третиот Конкурс за именување на нотари. Предвидено е да се пополнат 36 места низ повеќе градови во Македонија, од кои најмногу – седум, во Скопје.
„Врз основа на член 10 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр.55/07, 86/08, 139/09 и 135/11) и член 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.1/08, 148/08 и 91/13) министерот за правда го распишува триесет и третиот Конкурс за именување на нотари.
1. Се распишува Конкурс за именување нотари за следните нотарски седишта:
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Берово;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Битола;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Виница ;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;
– за пет нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кавадарци;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;
– за седум нотарски места со службено седиште на подрачјето на основните судови на градот Скопје;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струга;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Штип…“, се наведува во Конкурсот.
>> Конкурсот целосно проследете го ТУКА.