Адвокат Дуња Туртурова објавува оглас за ангажирање адвокатски приправник
Потребни квалификации: завршен минимум прв циклус на правни студии, солидно познавање на работа со компјутер – MS Office , солидно познавање на англиски јазик.
Способности: организираност, посветеност и одговорност кон доверените работни задачи,вербални комуникациски способности, доверливост, лојалност и професионалност, способност за индивидуална и тимска работа.
Придобивки за избраните кандидати: стекнување знаења и вештини од повеќе области на правото, работа со професионален и одговорен тим, можност за напредување во кариерата.
Потребни документи за апликација: Кратка биографија (CV).
Биографијата да биде доставена на dunjaturturova@yahoo.com