Адвокат Емил Мифтари од Скопје објавува оглас за ангажирање на адвокатски приправници
Адвокат Емил Мифтари од Скопје објавува оглас за ангажирање на адвокатски приправници.
Потребни квалификации:
– Завршен минимум прв циклус на правни студии,
– Солидно познавање на работа со компјутер – MS Office и
– Солидно познавање на англиски јазик.
Профил и способности:
– Вербални комуникациски способности,
– Организираност и одговорност кон доверените работни задачи,
– Способност за работа под притисок,
– Доверливост, лојалност и професионалност и флексибилност,
– Способност за индивидуална и тимска работа.
Придобивки за избраните кандидати:
– Работа со професионален и искусен тим,
– Професионална надградба и усовршување,
– Можност за напредување во кариерата.
Потребни документи за апликација:
– Кратка биографија (CV).
Достава на документите за апликација:
– Кратката биографија да се достави на e-mail: office@miftarilaw.com.mk
– Лице за контакт: Ирена Стефановска, тел: 02/6133-646.
Дополнителни информации:
– Работно време: од понеделник до петок, од 08:30 часот до 16:30 часот.
– Месечен надомест во износ од 15.000,00 денари.
Напомена:
– Рок за пријавување: 15 дена, рок за избор: 45 (четириесет и пет) дена по истекот на рокот за пријавување.
– Само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот може да бидат повикани на иницијален разговор во процесот на селекција.
– Податоците за кандидатите се чуваат во базата на кандидати до завршување на процесот на селекција, со целосно почитување на одредбите од Законот за заштита на лични податоци.