/ Прочитано:

1.384

Адвокатското друштво „Поленак“ објавува оглас за прием на тројца адвокатски приправници

Станете дел од тимот на Адвокатското друштво „Поленак“ и добијте единствена можност да учите и да ги развивате своите вештини во динамична и конкурентна работна атмосфера.

Ќе обезбедиме вистинска поддршка да прераснете од талентиран почетник во успешен адвокат, а ова ќе биде само почеток на вашата перспективна правна кариера.

Адвокатското друштво „Поленак“ објавува оглас за прием на тројца

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

за стручно оспособување за полагање правосуден испит.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • завршен правен факултет;
  • одлично познавање на англискиот јазик и
  • работа на компјутер (Мајкрософт офис).

Вашата кратка биографија и уверението за положени испити испратете ги на info@polenak.com. Избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

—————————————————————————————————————————

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Адвокатското друштво „Поленак“ ќе изврши избор на кандидати во рок од 20 дена по истекот на рокот за пријавување.

Работната недела на кандидатите ќе трае пет работни дена, од понеделник до петок, од 9:00 до 17:00 часот, или вкупно четириесет часа неделно.

Забелешка: Oгласот се однесува за стручно оспособување на адвокатски приправници заради стекнување услови за полагање правосуден испит и самостојно вршење на адвокатска дејност во согласност со Законот за адвокатура, без засновање работен однос.