Јавен повик за пријава за учество во програма за практикантска работа
Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот „Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија“, поддржан од Aмбасадата на Кралството Холандија, објавува јавен повик за учество во Програмата за практикантска работа на млади правници, која има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети и способности. Детално за огласот на следниот линк.