/ Прочитано:

1.086

Македонската асоцијација за човечки ресурси објавува конкурс за најдобар есеј на тема „Доверба и талент“

Петок, 15 мај 2015 – Македонската ацоцијација за човечки ресурски објавува конкурс за најдобар есеј на тема „Доверба и талент“. Рокот за испраќање на есеите е 25 мај 2015 година.

Остварете ја можноста за учество на European HR Award 2015, како најдобар есеј од Република Македонија и притоа освојте:

  • Бесплатно учество и презентација на својот труд на следната меѓународна HR конференција на МАЧР;
  • 1 бесплатно учество на работилница/обука во организација на МАЧР по свој избор;
  • Објава на научниот труд на официјалната веб страница на МАЧР – www.mhra.mk, и
  • Објава на трудот во HR списанието “Човечки капитал” издадено од страна на МАЧР.

Победникот на европско ниво, и двајцата второпласирани кандидати добиваат бесплатно учество и промоција на Европскиот Конгрес за човечки ресурси во Валенсија, Шпанија на 22-23 октомври 2015 година, со покриени трошоци за превоз и сместување.

Се покануваат кандидатите најкреативно и најоргинално да ја опишат и објаснат дадената тема:“Доверба и Талент”.

Довербата ја поставува основата за ефикасна комуникација, задржување на вработените,  мотивација на вработените и вложување на дискрециона енергија, екстра напорот што луѓето доброволно го инвестираат во работата. Менаџментот со човечките ресурси има посебна улога во промовирање и развој на високо ниво на доверба кое придонесува за здрава и успешна организација која може да привлече таленти и да дава успешни резултати. Имајќи ги предвид сите позитивни ефекти кои довербата ги носи на една организација, разумно прашање кое се поставува е како да се изгради доверба во вработените, особено талентите, кои се драгоцени за организацијата, и како истите да се задржат.

Овогодишниот Избор на HR есеј Ве предизвикува да одговорите на ова прашање! Рокот за испраќање на есеите е 25 мај 2015 година нa e-mail адреса contact@mhra.mk, со назнака “Избор на Есеј 2015”.

Учество можат да земат сите заинтересирани лица, а особено се поттикнува учеството на „следната генерација” на HR лидери…

Победникот од Република Македонија ќе биде избран најдоцна до 15 јуни 2015 година, и свечено промовиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Учеството на претставникот на МАЧР на минатиот избор на HR есеј во 2013 година, Илија Ќироски, беше наградено со второ место на европско ниво, а прогласувањето беше во рамките на Европската конференција во Манчестер. ВАЖНО: За сите детални информации поверзани со пишувањето на есејот и начинот на спроведување на Изборот, преземете го документот- Правилник.

Календар за активностите
Краен рок за поднесување на есеј

25 мај 2015

Рецензентски извештај

01 јуни 2015

Краен рок за избор и прогласување на најдобар есеј (по е-маил, дневен печат или слично)

15 јуни 2015

ПРАВИЛНИК за ИЗБОРОТ НА HR ЕСЕЈ 2015

СОГЛАСНОСТ ЗА УЧЕСТВО