Можност за вработување во Академик
АКАДЕМИК објавува можност за вработување на продавач на правни производи. Успешниот кандидат треба да е динамична, комуникативна и мотивирана личност која ќе биде задолжена за презентација на различни правни производи и нивна продажба на потенцијалните клиенти. Бараме личност која сака да биде дел од тимот и која постојано ќе се стреми кон достигнување на поставените цели на продажба и нивно надминување.
Потребни квалификации
- образование: високо образование (предност ќе им биде дадена на кандидатите со завршен правен факултет)
- познавање на англиски јазик (високо ниво)
- познавање на работа со компјутери (ниво на активен корисник на MS Office)
- познавање на работа со социјални медиуми
Карактеристики кои ги посакуваме кај успешниот кандидат
- комуникативна и ведра личност способна за работа во тим
- иницијатива да се постигне повеќе и подобро
- посветеност кон брендот и клиентите
- способност за контактирање со потенцијални клиенти и за презентирање на производите
- мотивираност за продажба
- одлично познавање на производите
- упорност
- флексибилност
- одлични организациски способности
Напомена
- заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на електронската адреса MargaritaT@akademik.com.mk најдоцна до 15.09.2022 година
- само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју
- избраниот кандидат ќе биде ангажиран на пробен период од 2 месеци
- личните податоци кои кандидатите ќе ги достават до Академик за целите на овој оглас ќе се чувааат сè до завршувањето на селекцијата и ќе се третираат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.