Оглас на Институтот 4Р за обука за медијатори според акредитирана програма
Институтот 4Р објавува оглас за спроведување основна обука за медијатори во периодот од 20.10.2018 година – 11.11.2018 година. Обуката е интерактивна и се состои од теоретски и од практичен дел.
Предавачи на обуката ќе бидат:
– д-р Зоран Вучев – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори, помирувач во работни односи;
– м-р Илија Манасиев – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори, помирувач во работни односи и арбитер, обучувач за помирувачи за работни односи;
– м-р Славе Младеновски – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори;
– Роза Алексова – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори.
Обучувачите го гарантираат квалитетот на обуката за стекнување знаења за теоретски и практични методи, техники, вештини, за правната рамка на медијацијата во Република Македонија и ЕУ итн.
Јавниот оглас за обуката на следниот линк.