/ Прочитано:

1.273

Оглас за вработување на двајца правници за азил и мешани миграции

Петок, 15 мај 2015 – Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Правна помош и застапување на лица од интерес на УНХЦР” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас за вработување на двајца правници за азил и мешани миграции.

Квалификации:

  • Стручна подготовка – Завршен Правен факултет

  • Искуство во правна професија минимум 3 години

  • Минимум 2 години работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор (работа со маргинилизирани лица ќе се смета за предност)

  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик (познавање на албански, француски, арапски и други јазици се смета за предност)

  • Одлично познавање на Word, Excel и Power Point

  • Одлични комуникациски и организациски способности

  • Активен возач (Б категорија)

  • Способност за работа во мултиетничка средина

 Делокруг на работа:

  • Застапување на баратели на азил, бегалци и други лица од интерес во постапката за азил пред релевантните национални органи;

  • Обезбедување на директна правна помош за нови баратели на азил;

  • Асистирање при поднесување на барања за признавање на право на азил до МВР;

  • Подготвување на соодветни материјали поврзани со индивидуални случаи;

  • Подготвување на случаите за понатамошно правно постапување на Адвокатот пред релевантните судови;

  • Подготвување на ставови поврзани со идентификувани пропусти во постапката за азил;

  • Асистирање на новите баратели на азил при пополнување на писмени апликации за признавање на право на азил заедно со претставници на Одделението за азил;

  • Раководење со податоците кои што произлегуваат од предметите и да врши подготовка на податоци за потребите на офицерот за азил и миграции;

  • Предлагање на планови и подготовка на извештаи за посета на полициски станици и гранични премини;

  • Одржување на континуирана комуникација со државни институции, донаторот како и другите организации релевантни за успешно спроведување на активностите.

 Дополнителни информации:

  • Работните активности се одвиваат во канцелариите на МЗМП во Шуто Оризари и ПЦ Визбегово;

  • Работно време од понеделник до четврток од 08:00 до 16:30, во петок од 08:00 до 14:00;

  • Работникот се ангажира со полно работно време;

  • Избор на работникот ќе се изврши на 26.05.2015 година.

Вашите биографии заедно со мотивационо писмо да ги испратите на следната електронска адреса contact@myla.org.mk. Истите да се поднесат најдоцна до 19.05.2015 година.

 Само апликациите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.