/ Прочитано:

995

Повик за аплицирање – Школа за човекови права за млади од 18 до 24 години

Понеделник, 13 јули 2015 – Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организира школа за човекови права за млади од двете држави.

На овогодинешната школа ќе бидат опфатени две генерални теми: –  Слобода на изразување и слобода на медиуми –  Говор и криминал од омраза Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати од Македонија кои би сакале да земат учество на школата треба да: 1.  Ја симнат и пополнат прикачената апликација 2.  Приложат кратка биографија и, 3.  Приложат мотивациско писмо Горенаведените документи доставете ги на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk најдоцна до 01-ви август, 2015 година. Локација: Охрид Време: 24-31 август, 2015 година Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со млади од Франција. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик. Само избраните кандидати/ки ќе бидат контактирани со понатамошни информации за одржување на школата. Апликацијата достапна на линкот тука .