/ Прочитано:

1.071

ПОВИК ЗА ВТОРАТА ЛЕТНА ШКОЛА „Itinerant Summer University in the Balkans“

Понеделник, 15 јуни 2015 – По успешно реализираната летна школа во 2014 година, Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во соработка со Француско-германскиот универзитет ја организира втората летна школа – II. Itinerant Summer University in the Balkans. Летната школа ќе се одржи во периодот 9-12.9.2015 година, во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. 

Во рамките на летната школа, професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, од Универзитетот Мунстер (Германија) и од Универзитетот на западен Париз „Нантре ла дефанс“ (Франција) ќе одржат предавања и работилници на повеќе актуелни теми од областа на меѓународното приватно право, трговското право и процесот на приближување на Република Македонија кон Европската Унија.  За учесниците предвидена е и посета на амбасадите на Франција и Германија. Директор за наука на летната школа е проф. д-р Тони Дескоски.

 Сите заинтересирани студенти на Правниот факултет (прв и втор циклус на студии) можат да аплицираат за учество на летната школа, со испраќање CV на е-пошта: dokovski_v@hotmail.com, најдоцна до 26.6.2015 година. Студентите што ќе бидат селектирани ќе бидат известени до крајот на месец јуни 2015 година.

 Наставата ќе се изведува на англиски, француски и германски јазик (преводот ќе биде обезбеден). Трошоците за учество, материјалите за настава и сертификатите за учество на летната школа ќе бидат обезбедени од страна на организаторите.