/ Прочитано:

1.636

Огласот за именување на јавен обвинител на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 12. седница на која на дневен ред ќе биде предлогот за именување на јавен обвинител.

Повикувајќи се на Законот за Јавното обвинителство, во образложението на предлогот Владата на Собранието му предлага да го огласи  именувањето на нов јавен обвинител, имајќи го предвид разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.

Во Законот за Јавното обвинителство се пропишува дека јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Рокот за пријавување на кандидатите за јавен обвинител е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”. Советот на јавните обвинители има рок од 15 дена од денот на прием на документите поврзани со кандидатурите на огласот да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.

На 29 овој месец, Советот на јавните обвинители ја определи обвинителката Лилјана Спасовска за вршител на должноста јавен обвинител. Претходно Спасовска беше поставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавен обвинител.

Обвинителката Лилјана Спасовска ќе биде в.д. јавен обвинител до изборот на нов државен јавен обвинител. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторно именување.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Биографијата на Лилјана Спасоска, в.д. јавен обвинител на Република Македонија

СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Петар Аневски поднесе оставка, Лилјана Спасовска определена за в.д. јавен обвинител

Советот на јавните обвинители ја одложи седницата за определување на в.д. јавен обвинител

Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија

Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

М.В