/ Прочитано:

967

Охриѓанец го хакирал Универзитетот каде студирал – дознал за љубовните афери на професорите, испитите, оценките и за тендерите на Универзитетот

Петок, 15 март 2013Студент направил упад на интернет страната на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид. Откако осомничениот 26-годишен студент електронските сандачиња на вработените ги пренасочил кон своето електронско сандаче, со месеци можел да ги чита сите тајни на професорите, асистентите и целата администрација на Универзитетот. 

Студентот бил четвртата година при охридскиот Универзитет за информатички науки. Во периодот од мај до почетокот на септември 2012 година, успеал да влезе во сајтот на Универзитетот и направил пренасочување на  компјутерски податоци – дојдовни пораки во дигитална форма, од доверлива природа, од електронскиот поштенски сервер на Универзитет кон неговата лична електронска пошта.

На тој начин, следејќи ги личните електронски сандачиња на професорите, дознал за нивните приватни проблеми, љубовни афери, испити и оценки, па се до тендери и податоци за судски процеси кои ги водел правниот Оддел на Универзитетот. МВР соопшти дека ако информациите протекле во јавност, би нанеле штета на репутацијата на Универзитетот.

Осомничениот бил откриен по пријава на Универзитетот за неовластено навлегување во администраторскиот имејл. Единицата за борба против компјутерски криминал на МВР го открила осомничениот,  извршила претрес во неговиот дом. Бил пронајден неговиот лаптоп, а во него стотици доверливи пораки.

Против студентот поднесена е кривична пријава за неовластено влегување во компјутерски систем.