/Прочитано:

1.170

ОЈО СКОПЈЕ: Акцијата на Универзитетот МИТ е сè уште во тек

„И покрај тортурата што на 5 октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности“, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на Универзитетот МИТ.

МИТ Универзитет лого

Основното јавно обвинителство Скопје сè уште врши претрес на Универзитетот МИТ. Со судска наредба, Обвинителството прибира релевантни докази од Универзитетот во врска со истражната постапка што ја води.

Од Обвинителството не сакаат да откријат детали за документацијата што ја прибираат и за делата што треба да се докажуваат со неа, само кусо наведуваат дека акцијата е сè уште во тек и дека дополнително ќе излезат со соопштение.

Акцијата, како што информираа повеќе медиуми, се спроведува од вчера.

Од МВР велат дека не се запознаени со акцијата и побараа во писмена форма да им ги доставиме прашањата поврзани со случувањата на Универзитетот  МИТ.

„И покрај тортурата што на  5 октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности“, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на Универзитетот МИТ.

„Се известуваат сите студенти дека наставата ќе се одвива во регуларен тек. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем, која ќе се одвива во објектот „Сити галери“ на плоштадот Македонија, во претходно закажаните термини“, додаваат од МИТ.

Универзитетот МИТ како високо-образовна институција се формира во 2007 година, во чиј состав спаѓаат Факултетот за менаџмент и Факултетот за информациски технологии.

На нивната веб-страница е наведено дека:

„Универзитетот МИТ е акредитирана високообразовна институција согласно Решение за акредитација бр. Сл. 12 од 14.10.2008 година и упишана во Регистарот на високообразовни установи под број 27.

При основањето на Универзитетот МИТ, испочитувани се сите одредби од Законот за високо образование и Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи за вршење на високообразовна дејност и Правилникот за задолжителни компоненти и Уредбата за Национална рамка на високообразовните квалификации.“