/ Прочитано:

1.462

ОЈО спроведува предистражни постапки за кривични дела поврзани со избори

„Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласање преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела“, потенцира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во своето соопштение.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска преку соопштение ја информира јавноста дека во рамки на своите активности спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.

„Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласање преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела“, потенцира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во своето соопштение.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  презема  дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.

А. Б.