/Прочитано:

1.980

Олеснување на вложувањето во хартии од вредност во странство

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање и имање сметка во странство од страна на резидентите за потребите на трансакции со хартии од вредност во странство. Поконкретно, со предложените измени и дополнувања, покрај во странска банка, резидентите можат да имаат сметка и:

Кај овластен учесник на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност;

Кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност.

Советот на Народната банка ја усвои изменетата и дополнета Одлука за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет. Имено, со оваа одлука, Народната банка го проширува сетот податоци од доменот на платежната статистика што и досега се прибираа и коишто се во значителна мера усогласени со стандардите и барањата на платежната статистика на Европската централна банка и Банката за меѓународни порамнувања.

Со цел обезбедување подетални податоци за развојот на дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјата, Народната банка ќе започне со прибирање годишни податоци поврзани со дигиталната трансформација на платежните услуги и финансиската вклученост на населението во користењето на дигиталните канали за извршување плаќања. Прибирањето податоци од оваа сфера ќе ја зајакне информативната основа за формулирање на политиките за развој на платежните услуги и платните системи во рамките на Народната банка, за дефинирање стратегиски насоки за развој на националниот платен систем во рамките на надлежностите на Националниот совет за платни системи, како и пошироко, за сите засегнати страни во целокупниот финансиски систем во земјата преку зголемување на нивото на транспарентност со објавувањето на овие податоци.

Најголемиот дел од новите податоци ќе бидат објавени на интернет-страницата на Народната банка на годишна основа, со што ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста во однос на степенот на дигитализацијата во платежната сфера на нашата земја.

Преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација носи позитивни промени за домашните банки

Усвоени Годишниот извештај на Народната банка и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем

Услови под кои резидентите слободно ќе можат да отвораат и да имаат сметки кај странски банки

Интервју со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, за преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Правните и физичките лица ќе може да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство, потврдуваат од НБРМ и од МФ

Ќе престане да важи Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка

Македонските државјани конечно слободни да стекнуваат недвижности и хартии од вредност во странство

M.В