ОН и САД повикаа на дијалог меѓу турската влада и демонстрантите
Изминатата ноќ најжестока
По ноќта која ја обележаа жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, денеска во Истанбул, како што јавуваат новинските агенции, владее тензичен мир. Во текот на уличните борби полицијата користеше водени топови, солзавец и гумени куршуми, а демонстрантите фрлаа со камења, молотови коктели и пиротехнички материјали, е калкулира со бројка oд неколку стотици повредени. Дел од младите луѓе кои протестираа поради страв од повреди, на рацете си ја имаат напишано крвната група. Во хотел, во близина на Таксим, е направена импровизирана станица каде се примаат повредените. Светските медиуми, оценуваат дека изминатата ноќ била најжестоката од избувнувањето на протестите пред 12 дена. Гувернерот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека полицијата ќе продолжи со расчистувањето на плоштадот Таксим. „Се додека не биде воспоставена целосна безбедност на плоштадот барам од луѓето да не одат таму. Ние ќе продолжиме да ги преземе нашите мерки на претпазливост и дење и ноќе и сакам сите да и помогнете на нашите полицијата“, порача Мутлу. Претходно, премиерот Реџеп Тајип Ердоган рече дека веќе нема да ги толерира масовните демонстрации против неговата влада. Ердоган, исто така, го повтори своето уверување дека немирите се дел од заговор против Турција.