/ Прочитано:

1.373

Онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем

Во Основниот суд Кавадарци, се одржа промотивниот настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“. На настанот свое обраќање имаше министерот за правда, проф. Д-р. Никола Тупанчески, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Клеменс Која и претседателот на Советот за координација на ИКТ во правосудството, Претседател на Основниот суд Кавадарци, проф. Д-р. Лазар Нанев.

-Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде што во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, кажа министерот Тупанчески.

Тупанчески истакна дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и тоа постепено согласно динамиката на судовите, на начин да не се попречи работата на истите.

Министерот ја нагласи дигитализацијата на судството како еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста.

– Во вистинско време покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите, отпочнувајќи со еден комплексен и долгорочен процес кој има огромен потенцијал за понатамошно олеснување и подобрување на пристапот до правдата за граѓаните низ цел регион, што од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, рече министерот Тупанчески.

Тупанчески ја потенцираше успешноста во реализирањето на активностите на ИКТ Советот, предвидени во оперативниот план, велејќи дека беспрекорно веќе функционираат дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната евиденција, најави дека следната недела ќе се потпишат, меѓуинституционално, договори за овозможување електронска размена на податоци и документи и тоа помеѓу клучните државни институции меѓу кои: Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за спречување корупција, Државната изборна комисија, Централен регистар и Управата за финансиска полиција.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава Која рече дека главниот фокус на процесот на дигитализација во правосудството мора да останат гаранциите за правото на јавно и правично судење во разумен рок, како и почитувањето на пресумпцијата на невиност и заштитата на приватноста. Амбасадорот Која на настанот потврди дека Мисијата, е долгогодишен и близок партнер на македонското правосудство, обезбедувајќи поддршка на повеќе нивоа.

Министерот за правда Тупанчески им се заблагодари на меѓународните партнери, САД, ОБСЕ и Норвешката Владата, за поддршката во спроведувањето на овој сложен и обемен процес, како и на членовите на ИКТ Советот за напорите кои ги даваат за побрзо ефектуирање на целокупниот процес на дигитализација.

Настанот беше во организација на Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија.

МП: Наскоро и дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција

Издавање потврда од казнена евиденција за физички лица преку Националниот портал за е-Услуги

Целосна дигитализација на 200 судници и 34 судови

Дигитализација на судството – зголемување на ефикасноста и пристапот до правда

Дигитален идентитет за странките и адвокатите – дел од активностите за дигитализација на судството

Маричиќ во Турција за дигитализацијата на македонските судови

И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В