/ Прочитано:

1.658

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

„Постапувајќи по Заклучокот на Владата на Република Македонија, Министерството за правда на Република Македонија на 9.11.2018 година донесе Оперативен план  за спроведување на Акцискиот план за спроведување на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жената и домашното насилство (Истанбулска конвенција) за 2018 – 2023. Овој оперативен план содржи активности од надлежност на Министерството за правда со временска рамка за 2019 година и буџет за нивна реализација“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Текстот на Оперативниот план за спроведување на Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција може да се преземе на следниот линк.

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство од 11.5.2011 година, позната како Истанбулска конвенција, претставува најзначајниот меѓународен документ за борбата со семејното насилство. Истанбулската конвенција е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството врз жените.

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В