/Прочитано:

268

Опомената – примарна инспекциска мерка во Предлог-законот за инспекциски надзор

Владата, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, го разгледа и го усвои Предлог-законот за инспекциски надзор, кој има цел надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на сегашниот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и уедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор.

„Како специфични цели на овој предлог на закон, меѓу другото, се предвидуваат превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор, преку воведување на опомена како примарна инспекциска мерка; зголемена сигурност и предвидливост за субјектите на надзор, со задолжителноста на листите на проценка и степенувањето на ризикот, како и подобрување на ефективноста на Инспекцискиот совет преку појасно и попрецизно определување на неговата улога и надлежност“, образложуваат од Владата.

Предлози и забелешки за Законот за инспекциски надзор

Јавна расправа за новиот Закон за инспекциски надзор: Ќе се подобри квалитетот на работата на инспекциските служби

МИОА: Јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор

Реформата на инспекциските служби значајна за работата на компаниите

Се подготвува нов Закон за инспекциски надзор 

М.В