/ Прочитано:

4.323

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

„Ве известуваме дека со Решение СТ  123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат“, информираат од Граѓанскиот суд.