/ Прочитано:

930

Општина Ѓорче Петров додели 170 решенија за легализација на дивоградби

Вторник, 4 јуни 2013  – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, во мај месец додели 170 решенија за легализација на дивоградби.

„Ваквиот транспарентен начин на доделба на решенија на граѓаните ја елиминира можноста за фаворизирање при решавање на барањата за легализација на бесправно изградени објекти. До општинските служби поднесени се над 13 илјади барања за легализација, а до сега се разгледани и решени  2000 предмети“, соопштуваат од Општината.