/ Прочитано:

881

Организаторот да ја надомести штетата направена во Македонскиот народен театар

„Владата на Република Северна Македонија информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука, кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.

Владата го оценува несоодветното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар и најостро го осудува.

Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ не го подготвиле и не го организирале настанот во согласност со стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење.

Владата на Република Северна Македонија очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести штетата направена во Националната установа Македонски народен театар и да им се извини на граѓаните за несоодветното однесување“, соопштуваат од Владата.

М.В