ОРМ бара дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела
Организацијата на работодавачи на Македонија, како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада. Истовремено, ОРМ смета дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ, овозможуваат на фер начин да се одреди реалната вредност на минималната плата и со тоа да се компензира растот на цените на основните производи од кои во најголем дел зависи животниот стандард на населението.
Остануваме на својот став дека до реално зголемување на платите и подобар стандард на целото население во земјава може да се дојде само преку здрав и одржлив економски раст, кој ќе се темели на пораст на продуктивноста и конкурентската способност на компаниите. Затоа, во следниот период мора повеќе да се вложува во нови технологии, дигитализација и автоматизација, а државата да создаде поволен економски амбиент за да се реализираат ваквите инвестиции. Се надеваме и дека во следните години ќе се остварат проекциите на Владата за економски раст, без поголеми потреси предизвикани од актуелната пандемија, политички кризи или друг вид ризици.
Се надеваме дека со подзаконските акти и правилници кои ќе ги донесе ресорниот министер за труд и социјална политика поточно ќе се утврдат помошните или придружните дејности и работните места кои имаат карактер на помошни и придружни дејности, со што сметаме дека Законот би станал целосно применлив и дека нема да предизвика поголеми проблеми во работењето на компаниите.
Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време
КСС: Работничките права повторно се под манипулација
„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд
Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти
МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор
Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија
Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО
Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО
Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор
Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии
Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците
Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство
Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право
Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В