/ Прочитано:

2.384

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Даравелски има гаранција за повторено судење доколку побара

Во текот на 2014 година, Основниот суд Куманово и Министерството за правда се обратиле до Основниот суд Скопје 1, како првостепен суд кој ја донел пресудата, со барање да издаде гаранција дека на Даравелски ќе му се суди во негово присуство доколку побара повторување на постапката пред овој суд, за што е издадена гаранцијата по повеќе преписки на Судот со Министерството за правда во Србија преку Министерството за правда во Македонија, велат од Судот.

osnoven-sud-skopje-1-krivicen-sud-e1400166548658.jpg

Со наредба од Основниот суд Куманово, од 15.10.2010 година била распишана централна потерница за осудениот Драган Даравелски од Куманово по правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Со наредбата, Судот во Куманово до МВР – СВР Куманово доставил и изјава – согласност за екстрадиција на поранешниот прв човек на Царинската управа.

„Основниот суд Куманово потоа на 2.4.2013 година до МВР доставил допис за распишување на меѓународна потерница и за екстрадиција на осудениот Даравелски во случај на негово пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од Основниот суд Скопје 1 и потенцираат дека сè уште немаат добиено никакво известување за апсењето на поранешниот прв цариник во Србија, кое го потврди МВР. Судот нема известување ниту дали му е определен екстрадиционен притвор на Даравелски.

Во текот на 2014 година, Основниот суд Куманово и Министерството за правда се обратиле до Основниот суд Скопје 1, како првостепен суд кој ја донел пресудата, со барање да издаде гаранција дека на Даравелски ќе му се суди во негово присуство доколку побара повторување на постапката пред овој суд, за што е издадена гаранцијата по повеќе преписки на Судот со Министерството за правда во Србија преку Министерството за правда во Македонија, велат од Судот.

Даравелски во отсуство беше осуден на казна затвор од 7 години за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Со истата пресуда, на 4 години затвор за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и за кривичното дело фалсификување службена исправа, е осуден и Киро Доцевски, кој бил достапен за органите на прогон.

Од Министерството за внатрешни работи утрово потврдија дека Министерството за внатрешни работи на Србија го уапсило поранешниот прв човек на Царината, по потерница издадена од Интерпол Скопје.

Нема информации кога ќе биде испорачан Даравелски во Македонија.

Во Србија уапсен Драган Даравелски, македонските институции чекаат екстрадиција