/ Прочитано:

4.854

Основен суд Скопје 1 – Скопје: Доставен годишниот распоред за работа за 2017 година

„При изготвувањето на распоредот се имаа предвид мислењата на судиите од седницата одржана на ден 17.3.2017 година. Некои од желбите на судиите постоеше можност да бидат уважени, а за некои ќе се создаде таква можност во текот на годината. При изготвувањето на распоредот се имаше предвид и состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето по некои видови предмети утврдена со законските рокови“, се наведува во денешното соопштение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Стојанче Рибарев, во текот на вчерашниот ден го достави до судиите годишниот распоред за работа за 2017 година.

„При изготвувањето на распоредот се имаа предвид мислењата на судиите од седницата одржана на ден 17.3.2017 година. Некои од желбите на судиите постоеше можност да бидат уважени, а за некои ќе се создаде таква можност во текот на годината. При изготвувањето на распоредот се имаше предвид и состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето по некои видови предмети утврдена со законските рокови“, се наведува во денешното соопштение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Оттаму исто така информираат дека при изготвувањето на годишниот распоред за работа во текот на оваа година биле земени предвид и оптовареноста со предмети на секој судија поединечно, како и досегашните забелешки и мислења од повисоките судски инстанци во врска со работата на судот.

Распоредот во писмена форма е доставен до секој судија кој може да поднесе приговор за неговото распоредување до Врховниот суд на Република Македонија. Во моментот се применува досегашниот распоред на работа и закажаните судења се одвиваат според тој распоред. Новиот распоред ќе се применува кога ќе стапи во сила“, информира Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

А. Б.