/ Прочитано:

1.416

Основен суд Скопје 1: Томислав Кежаровски пуштен во домашен притвор

Четврток, 7 ноември 2013 – Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 денеска донесе одлука притворот на новинарот Томислав Кежаровски да му биде заменет со куќен. Се очекува во текот на денот, Кежаровски да биде пуштен од притворот во Шуто Оризари, потврдуваат од Кривичнит суд за Академик. 

Новинарот Томислав Кежаровски  е осуден на четири и пол години затвор, бидејќи според првостепената пресуда за случајот „Ликвидација“ тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во „Ореше“ .

Според обвинението, по објавувањето на новинарските написи, заштитениот сведок Бреза имал притисоци, па затоа се создало друга ситуација каде сведокот подоцна сам си го открива идентитетот и го менува исказот.

(П.Б)