/ Прочитано:

1.655

Основниот суд Скопје 2 во 2015 година решил вкупно 45 054 предмети

„Од вкупно решените 45 054 предмети во 2015 година, обжалени се 8 156 одлуки, што претставува 18 % од вкупниот број донесени одлуки, што зборува за квалитетот на донесените одлуки“, велат од Основниот суд Скопје 2.

osnoven-sud-skopje-2-za-sajt-watermarkk.jpg

Граѓанскиот суд во текот на 2015 година во работа имал 58 651 предмет. Од нив новопримени биле 42 948 предмети, додека 15 703 биле пренесени од 2014 година. Како што информираат од Основниот суд Скопје 2, од вкупниот број предмети Судот решил 45 054.

„Од вкупно решените 45 054 предмети во 2015 година, обжалени се 8 156 одлуки, што претставува 18 % од вкупниот број донесени одлуки, што зборува за квалитетот на донесените одлуки“, велат од Основниот суд Скопје 2.

Од обжалените одлуки, потврдени се 11,71 %, преиначени се 0,87 %, а укинати се само 2,07 %.

Во текот на 2015 година Судот имал во работа 2 092 стари нерешени предмети од 2013 година од кои и по завршувањето на минатата година останале 1 879 предмети.

„Компаративно со 2014 година, која Основниот суд Скопје 2 Скопје ја заврши со 15 703 нерешени предмети, 2015 година ја заврши со 13 597 нерешени предмети, што значи дека заостатокот на предметите го намали за 2 106 предмети“, велат од Судот.

Во извештајната година, во 99 % Основниот суд Скопје 2 Скопје ги почитувал законските рокови за решавање на предметите. Од Судот велат дека ваквите податоци се резултат на вложените напори за поголема ажурност, ефикасност и ефективност на судиите и судската служба.