/ Прочитано:

10.963

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Новите имиња на Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје се предвидени во предложените измени на Законот за судовите, кои ги објави Министерството за правда.

Потребата од измени на имињата на овие судови беше истакната на почетокот на оваа година, на Јавната расправа за реформите во законите за судството. На овој настан беше посочено дека судии од Основниот суд Скопје 1 предлагаат да се смени името на Основниот суд Скопје 1 во Кривичен суд.

Ваквиот став судиите го изградиле со нивна меѓусебна координација, заклучувајќи дека измените на името на Судот се потребни од причина што Основниот суд Скопје 1 – Скопје е специјализиран за кривичната материја и работи и постапува по кривичноправни предмети.

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Судии предлагаат Основниот суд Скопје 1 да се преименува во Кривичен суд

М.В