Основниот суд Велес ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство на миг
Основниот суд Велес ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство на миг. Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана.
Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт.
Хелсиншкиот комитет апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите.
Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравува одлуката на Судот во Велес и нагласува дека и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството.
М.В