/ Прочитано:

1.326

Основните цели на новиот Предлог-закон за градење

Со Предлог-законот за градење, посочуваат од Министерството за транспорт и врски, на современ и стручен начин се уредува материјата на изградбата на градби, преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата и се олеснуваат постапките за градење.

Oсновни цели на Предлог-законот за градење се:

  •  уредување на материјата на проектирање, на издавање на акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште, градење, уредување на градежното земјиште и приклучување на градбите на инфраструктурните системи, пуштање на градбите во употреба и нивното употребување и одржување според нивната намена;
    •    категоризацијата на сите градби што се градат на целата територија на државата;
    •    скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење, што позитивно ќе влијае на динамиката и развојот на градежните индустрии, вкупните економски состојби и инвестициските циклуси;
    •    зголемување на транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот на изградбата;
    •    редукција и рационализација на казнената политика во областа на градењето;
    •    укинување на прекумерниот број на некоординирани позитивни мислења, согласности и формални елаборати што само го обременуваат процесот на изградба;
    •    воспоставување на законска основа за развивање и операционализација на информациски систем за следење на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови и издавањето акти за градење;
    •    усогласување на Законот за градење со Законот за урбанистичко планирање и другите сродни закони, а воедно негово усогласување со европското законодавство;
    •    враќање на уставноста во законодавната материја, како и уредување на уставната поделба на надлежностите во уредувањето на просторот и градењето, на работи од државно и од локално значење.

М.В