/ Прочитано:

1.031

Осомничениот за нападот во Бостон оставил порака во чамецот каде беше уапсен

Петок, 17 мај 2013 – Осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, Џокар Царнаев, напишал порака во која го опишува нападот како чин на одмазда за американската војна во муслиманските земји. Пораката ја оставил во чамецот во кој се криел, непосредно пред да биде уапсен.

>> Фотографии на полицијата од местото каде беше уапсен Царнаев. 

Пораката била оставена на чамецот каде беше пронајден Цокар Царнаев, веднаш по нападот. Во пораката стои дека нападот е одмазда  на американските злосторства врз муслиманите во Ирак и Авганистан, а жртвите од нападаот врз маратоно во Бостон биле колатерална штета. Бомбашот појаснил дека колатерална штета се и невините жртви во војните што ги предизвикуваат Американците во муслиманските земји.

Зборовите биле впишани со пенкало во внатрешноста на чамецот, а се претпоставува дека Царнаев ги напишал непосредно пред да биде уапсен. Меѓу напишаните реченици, се наоѓале и зборовите: „ Кога ќе нападнете еден муслиман, исто како да сте ги нападнале сите“. Царнаев го опишал неговиот брат Тамерлан, кој загина во престрелка со полицијата како маченик.