/ Прочитано:

889

Осомничените за нападот во Бостон се браќа од Чеченија

Петок, 19 април 2013 – Осомничените за нападите за време на маратонот во Бостон се браќа по потекло  од руската автономна Република Чеченија, кои пред да добијат виза за легален престој во САД, извесен период живееле во Турција, објави електронското издание на лондонскиот весник.

Американските медиуми, претходно информираа дека чеченските браќа пред речиси една година допатувале во САД и се населиле во градот Кембриџ во американската сојузна држава Масачусетс, чиј главен град е Бостон.

Полицијата трага по помалиот од осомничените браќа, 19-годишниот Џохар Царнаев, додека постариот, Тамерлан Царнаев (26) беше ранет при престрелка со полицијата во кампусот на Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), по што подоцна во болница им подлегна на здобиените повреди.

Полицијата во Бостон соопшти дека до следната наредба поради безбедносни причини целосно е запрен јавниот транспорт во градот и реонот околу него. Медиумите наведуваат дела мерката е воведена во рамките на потрагата по осомничниот Џохар Царнаев.