/ Прочитано:

2.927

Осудениот во „Пуч“, Звонко Костовски, треба да се врати на доиздржување на казната затвор

„Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по одлука на Претседателот на РМ за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К. осуден со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот достави Упатен акт според кој лицето треба да се врати на доиздржување на тригодишната казна затвор“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

BAT_9257 copy

Звонко Костовски, осуден за случајот „Пуч“ кој пред помилувањата од Претседателот на РМ ја одлежуваше тригодишната казна затвор, па беше ослободен, треба повторно да се врати на доиздржување на казната.

„Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје  1 – Скопје, постапувајќи по одлука на Претседателот на РМ за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К. осуден со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот достави Упатен акт според кој лицето треба да се врати на доиздржување на тригодишната казна затвор“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Костовски беше осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години за кривичните дела шпионажа, од членот 316 ст. 4 в.в со член 24 од КЗ, и неовластено прислушување, од членот 151 ст. 4 в.в со ст.1, а во врска со член 45 од КЗ.

Костовски беше шестиот обвинет во предметот „Пуч“, кој се води против поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, против неговата сопруга Соња, против лидерот на СДСМ Зоран Заев, против службеникот во Општина Струмица, Бранко Палифров, и против Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

По поништувањето на аболициите, Специјалното јавно обвинителство доставило до Апелациониот суд писмен предлог за укинување на решението на Кривичниот суд за предметот „Пуч“, кој по одлуките за аболиција го запре процесот за тој да може да продолжи по поништувањето на одлуките.