Отфрлената кривична пријава против Трајко Вељановски ги собра на протест пратениците од опoзицијата пред Јавно обвинителство
Понеделник, 11 март 2013 – Пратеници од опозицијата денеска се собраа пред зградата на Јавното oбвинителство поради отфрлањето на кривичната пријава поднесена против претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за случувањата од 24 декември.
„Пред неколку дена бевме информирани дека кривичната пријава која ја поднесовме сите пратеници од опозицијата против претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, заради настаните од 24 декември минатата година, се отфрлува од страна на обвинителството.
На обвинителството му беа потребни помалку од три месеци за брзо побрзо го ослободи Трајко Велјановски од одговорност за се она што под негова палка се случуваше во македонското Собрание“, изјави пратеничката Радмила Шеќеринска.
За Шеќеринска ова преставува грубо кршење на Уставот, законите, Деловникот за работа на Собранието.
„Со ова, Обвинителството уште еднаш покажа дека во Македонија институциите систематски се уриваат и се ставаат во функција на партиски цели“, изјави Шеќеринска.