/ Прочитано:

865

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

 

Откажана е денешната расправа на собраниската Комисија за европски прашања, на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис кој е планирано да биде реализиран во 2020 година.

Предлог-законoт за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е во собраниска процедура со европско знаменце. Со законот чие донесување се предлага се предвидуваат средства во износ од 522.751.000 денари, кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија.

„Со донесувањето на предложениот закон, Република Северна Македонија на меѓународен план ќе ги исполни обврските од меѓународните акти донесени од надлежни тела и органи, а истовремено, податоците што ќе се добијат со пописот ќе претставуваат солидна основа за потребите на општеството во целина“, се вели во законското образложение.

ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше за овој Предлог-закон и начинот на кој требаше да биде донесен. „Законот е изготвен без консултации и со ставање на европско знаменце, власта се обидува да протне законски текст без јавна дебата“, реагираат од опозицијата.

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В