Отстранување на судирот на интереси по јавната опомена од Антикорупциска

Антикорупциска информираше дека Сања Димитриевска истовремено ја извршува функцијата член на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори во Тутунски комбинат –Прилеп, поради што ѝ упати јавна опомена за отстранување на судирот на интереси.

????????????????????????????????????

Минатата недела откако Државната комисија за спречување на корупција упати јавна опомена до Сања Димитриевска поради кумулација на функции, што е во спротивност со Законот за спречување на судир на интереси, таа ја доставила својата оставка од функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Антикорупциска информираше дека Димитриевска истовремено ја извршува функцијата член на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори во Тутунски комбинат –Прилеп, поради што ѝ упати јавна опомена за отстранување на судирот на интереси.

Димитриевска ја поднела оставката до Собранието на Република Македонија еден ден по јавната опомена од страна Комисијата за спречување на корупција.