/ Прочитано:

1.308

Отворен ден во нотарските канцеларии по повод Европскиот ден на граѓанската правда

По повод одбележувањето на Европскиот ден на правдата, Нотарската комора на 25 октомври 2019 година организира отворен ден во нотарските канцеларии.

Нотарската комора ги  поканува граѓаните одблизу да се запознаат со работата и со надлежностите на нотарската професија, како и со одговорноста што ја носи таа, потоа со постапките во кои би можеле да се најдат граѓаните пред нотарите, како и со други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата.

Европскиот ден на граѓанската правда се одбележува во повеќе европски земји. Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа, кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се доближат до граѓаните правосудството и пристапот до правда за подобро да ги запознаат своите права и начинот на нивното остварување и заштита.

М.В