/ Прочитано:

1.038

Отворен ден во Основниот суд Скопје 1 Скопје

Вторник, 25 октомври 2012 – По повод одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда, Основниот суд Скопје 1 Скопје со почеток од 9:30 часот, традиционално, трета година по ред, ги отвори вратите за сите граѓани, медиуми и заинтересирани да го посетат судот.Граѓаните ќе имаат можност слободно да влезат внатре и да се запознаат со внатрешноста на судот. При разгледувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје ќе можат да ги видат судниците, судницата бр.1 каде се одржуваат судењата по предметите од областа на организиран криминал и корупција, судската писарница, кабинетот на Претседателот на судот, со што ќе добијат претстава за работата и фукционирањето на овој суд, кој е најголем суд во државата. 

Фото: akademik.mk – архива