/ Прочитано:

616

Отворена дебата за донесување лекс специјалис за Водно

„Владата донесе Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од V категорија.

Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и за сугестии во однос на предлогот за донесување на лекс специјалис за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно“, соопштуваат од Владата.

Иницијатива за донесување посебен закон за Водно

М.В